Доминик Раб: Велика Британија ќе помогне во решавањето на Кипарското прашање

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб рече: „Сакаме да го видиме трајното завршување на поделбите на Кипар. Ќе ја одиграме целосно нашата улога којашто ни се паѓа по прашањето да помогнеме во решавањето на Кипарското прашање.“

1577454
Доминик Раб: Велика Британија ќе помогне во решавањето на Кипарското прашање

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб истакна дека неговата земја ќе ја одигра целосно својата улога за да помогне во решавањето на Кипарското прашање.

Според кипарско-грчкиот печат, британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб допатува во посета на кипарско-грчкиот дел пред неформалната конференција 5+1 посветена на Кипар за која се планира да се одржи во скоро време под водство на Обединетите нации (ОН) и на која ќе учествуваат и гаранторските земји на островот (Турција, Грција и Велика Британија).

Британскиот министер за надворшени работи Доминик Раб по остварените разговори во грчкиот дел на Кипар потсети дека Велика Британија е земја која ги решава проблемите, која е едната од гаранторските земји на островот и е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН).

Раб рече: „Истовремено, долго време сме пријатели на луѓето на Кипар. Сакаме да го видиме трајното завршување на поделбите на Кипар. Ќе ја одиграме целосно нашата улога којашто ни се паѓа по прашањето да помогнеме во решавањето на Кипарското прашање.“

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб воедно додаде дека Велика Британија за решавање на Кипарското прашање и за воспоставување на праведниот и траен мир на островот, ќе работи заедно со кипарскиот народ и со Обединетите нации (ОН).



Слични вести