Терористички напад во Баб

Според првите сознанија, во терористичкиот напад загина еден цивил, 4 цивили беа повредени.

1576237
Терористички напад во Баб

 

Во експлозија на автомобил-бомба во Баб, во северна Сирија загина еден цивил, а четири лица беа повредени.

Во индустриската зона во областа Баб, која беше исчистена од тероризмот со операцијата на Турските вооружени сили Еуфратски штит (изведена во периодот август 2016 година - март 2017 година) беше активирана бомба поставена во возило.

Според првите сознанија, во терористичкиот напад загина еден цивил, 4 цивили беа повредени.

Врз пожарот што избувна по експлозијата интервенирале пожарникарските екипи.

Како последица на експлозијата се случи материјална штета во околните возила и продавници.

Локалните безбедносни сили, кои спроведоа истрага на местото на експлозијата, ја потенцираат можноста дека нападот бил извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ / ПКК.



Слични вести