Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 76.283.000

1576343
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.263.000 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 104.404.000 а бројот на оздравените над 76.283.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 457.856. Бројот на заразените во земјата изнесува 27.027.000 лица.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа во Велика Британија се зголеми за уште 1.449, додека бројот на заразените се зголеми за уште 16.840. Вкупниот број на смртните случаи во земјата изнесува 108.013, додека на заразените се зголеми на 3.852.623. Митираната верзија на коронавирусот Е484К која првпат беше забележана во Белика Британија и се шири многу побрзо од новиот тип на коронавирусот предизвикува голема загриженост и содржи исти карактеристики со мутираните верзии на ирусот во Африка и Бразил.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во последните 24 часа во Италија се зголеми за уште 499 и изнесува 89.344. Бројот на заразените во земјата се зголеми за уште 9.660 и изнесува 2.570.608.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција се зголеми на 77.238. Со регистрирање на уште 23.337 ново заразени за само еден, вкупниот број на заразени во земјата изнесува 3.224.798. Научниот совет на Франција ја одобри употребата на вакцината против новиот тип на коронавирусот која беше развиена од страна на компанијата АстраЗенека, но не ја препорача за возрасните од над 65 годишна возраст. Претсдетаелот Емануел Макрон истакна дека како во другите европски земји до крајот на летото постои можност граѓаните да се вакцинираат. Макрон рече дека до почетокот на март ќе се вакцинираат над 80 отсто од возрасните граѓани во домовите за старци.



Слични вести