Продолжуваат да беснеат пожарите во Перт во Австралија

Продолжуваат да беснеат пожарите во Перт во Австралија во кои според добиени информации досега се уништени повеќе од 9 илјади хектари земјиште, а бројот на куќите кои се оштетени и доведени во неупотреблива состојба се зголеми на 71

1576612
Продолжуваат да беснеат пожарите во Перт во Австралија

Поради шумските пожари коишто продолжуваат да беснеат во Перт во Австралија се претворени во пепел повеќе од 9 илјади хектари земјиште, а бројот на досега оштетените куќи се зголеми на 71. 

Евакуираните од областите на коишто им се заканува огнената стихија во градот кој инаку поради преземените мерки против Ковид-19 е ставен под карантин, ноќта ја поминаа во безбедни области.

Според вестите коишто пристигнуваат во пожарите се претворени во пепел повеќе од 9 илјади хектари земјиште. Исто така се истакнува дека се намалени и топлото време и сувите временски услови коишто беа причина за разгорување на пожарите во предградијата во североисточниот дел на градот.

Дарен Клем од противпожарната служба и службата за итни состојби ја сподели информацијата дека бројот на куќите коишто се оштетени и доведени во неупотреблива состојба во пожарот се зголеми на 71.

Сеуште не е позната причината за избувнување на пожарите, додека досега нема информации и за човечки загуби.

 



Слични вести