Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на заразените од вирусот изнесува над 103.607.000 а бројот на оздравените над 75.221.000

1574914
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
korona3.jpg
korona1.jpg
korona2.jpg
njemacka_korona-zatvaranje-98.jpg
korona aşı.jpg
koronavirüs abd3.jpg
koronavirüs abd2.jpg
koronavirüs abd1.jpg

 

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.239.494 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 103.607.000 а бројот на оздравените над 75.221.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 452.291. Бројот на заразените во земјата изнесува 26.769.000 лица.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во Бразил се зголеми на 224.534. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 9.204.000.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во Мексико се зголеми 158.536. Бројот на заразените во земјата се зголеми на 1.864.000.

Во последните 24 часа во Велика Британија, како последица на коронавирусот умреа уште 1.587, додека бројот на новоинфектирани се зголеми за уште 21.088. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 106.158, додека бројот на инфектираните на 3.817.176.

Бројот на смртните случаи од епидемијата на коронавирусот во последните 24 часа во Италија се зголеми на 88.516. Бројот на заразените од вирусот во земјата се зголеми на 2.553.000.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во последните 24 часа во Франција се зголеми за уште 195 лица и изнесува 76.057, а бројот на заразени се зголеми за уште 19.235 и изнесува 3.197.114.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Шпанија се зголеми на 58.319, додека бројот на заразените изнесува 2.830.000. И покрај мерките што беа преземени во борбата против коронавирусот, за време на викендот во Мадрид беа утврдени над 350 места каде што беа организирани нелегални забави.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Германија се зголеми на 57.875, додека бројот на заразените изнесува 2.227.000.



Слични вести