ЕУ остро реагираше на апсењето на демонстрантите во Русија

Борел од Русија побара да ги почитува своите меѓународни обврски

1574851
ЕУ остро реагираше на апсењето на демонстрантите во Русија

 

Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија за надворешни односи и безбедносна политика, изрази жалење што илјадници луѓе беа приведени на демонстрациите организирани за ослободување на затворениот дисидент Алексеј Навалниј во Русија.

Борел, кој на 5 февруари се очекува да ја посети Русија, сподели објава на социјалните мрежи.

„Уште еднаш изразувам жалење поради приведувањето на многу луѓе и употребата на несразмерна и прекумерна сила против демонстрантите и новинарите во Русија“ рече Борел во објавата.

Изјавувајќи дека јавноста треба да може правото на слобода на одржување демонстрации да го одржува без страв од репресија, Борел од Русија побара да ги почитува своите меѓународни обврски.

Илјадници луѓе во Русија организираа демонстрации за ослободување на затворениот опозиционер Алексеј Навалниј и покрај интензивните безбедносни мерки на неодобрените демонстрации во главниот град Москва и Санкт Петербург и во многу градови учествуваа илјадници луѓе.

Полицијата интервенираше против демонстрантите кои претежно беа студенти и гимназијалци, додека на демонстациите беа приведени над 3.800 лица, вклучувајќи 82 новинари.

Меѓу приведените е и сопругата на Навалњи, Јулија Навалнаја.



Слични вести