ЕУ ќе купи вакцини против Ковид-19 од Русија и Кина

Компаниите што мислат дека ќе ги исполнат овие критериуми можат да контактираат со Комисијата на ЕУ за да видиме што можеме да сториме

1575332
ЕУ ќе купи вакцини против Ковид-19 од Русија и Кина

 

Официјални претставници на Европската унија (ЕУ) истакнаа дека ќе можат да купат вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) развиени во Русија и Кина.

Стефан Де Кирсмакер, портпарол на Европската комисија, на дневната прес-конференција рече дека фармацевтските компании кои развиваат вакцини во Русија и Кина може да се разгледаат доколку ги исполнуваат критериумите на ЕУ.

Наведувајќи дека критериумите се прашања како што се буџетот, производствениот капацитет во ЕУ, како и медицинските барања, Де Кирсмикер рече:

„Компаниите што мислат дека ќе ги исполнат овие критериуми можат да контактираат со Комисијата на ЕУ за да видиме што можеме да сториме“.

Наведувајќи дека имало контакти меѓу компанијата и лабораторијата што ја разви руската вакцина Спутник V и Европската агенција за лекови (ЕМА), Де Кирсмаекер рече дека оваа вакцина сè уште не е поднесена апликација за стекнување одобрение за применета на ЕМА во ЕУ.



Слични вести