Терористички напади во Азез и Ал Баб на северот на Сирија: Загинаа најмалку 10 лица, 24 мина се ранети
Најпрвин во центарот на градот Азез експлодира бомба поставена во возило, а потоа се случи експлозија и во Ал Баб во северниот дел на Сирија при што загинаа најмалку 10 лица, а 24 мина се ранети
1574530

Во реализирани терористички напади во градовите Ал Баб и Азез во северниот дел на Сирија, според првични информации загинаа најмалку 10 лица, а 24 мина се ранети.
Најпрвин во центарот на градот Азез експлодира бомба поставена во возило веднаш во близина на зградата на привремената сириска влада и Културниот центар во Азез.
Во овој напад загинаа 4 лица, а 20 мина се ранети.
Кусо време по експлозијата во Азез, се случи експлозија и на пунктот за контрола на возила во областа Зерзур на 5 километри од градот Ал Баб.
Според првични информации во оваа експлозија загинаа 6 лица, а 4 лица се ранети.
Постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите и ранетите.