На протестите во Русија за ослободување на Навални се притворени повеќе од 4 илјади лица

На протестите во Русија на кои се бара да биде ослободен уапсениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, според неофицијални информации се притворени повеќе од 4 илјади протестирачи меѓу кои се наоѓа и Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј Навални

1574532
На протестите во Русија за ослободување на Навални се притворени повеќе од 4 илјади лица
rusya navalniy gosteriler.jpg

На протестите коишто продолжуваат во Русија со барање за ослободување на уапсениот руски опозициски политичар Алексеј Навални, според неофицијални бројки се притворени најмалку 1.643 лица.

На недозволените протести коишто се одржуваат во голем број градови низ земјата и покрај преземените строги безбедносни мерки од страна на полицијата, учествуваат илјадници лица од кои повеќето ученици гимназијалци и студенти.

Според организациите за човекови права во Русија, за време на протестите освен сопругата на Алексеј Навални, Јулија Навалнаја се притворени повеќе од 4 илјади лица.

Во меѓувреме, некои демонстранти кои се собраа во близина на затворот "Матроскаја Тишина" кадешто се држи во затвор Алексеј Навални, извикуваа слогани против власта. 



Слични вести