Терористички напад во Африн на северот на Сирија: Загинаа најмалку 6 цивили, а 25 мина се ранети

Во реализиран терористички напад со возило бомба во градчето Африн во северниот дел на Сирија според првични информации загинаа 6 цивили, а 25 мина се ранети

1574242
Терористички напад во Африн на северот на Сирија: Загинаа најмалку 6 цивили, а 25 мина се ранети

Во реализиран терористички напад со возило бомба во населеното место Африн во северниот дел на Сирија, според првични информации животот го загубија 6 цивили, а 25 мина се ранети.

Во индустриската област на Африн на северот на Сирија е експлодирана бомба поставена во возило.

Во терористичкиот напад според првични информации загинаа 6 цивили, а 25 мина се ранети. Состојбата на 10 ранети е тешка. 

Постои загриженост од зголемување на бројот на загинатите и ранетите. 

Ранетите се префрлени во болници на лекување.

Експлозијата се слушнала низ целото градче Африн, додека противпожарните екипи интервенирале на пожарот што избувнал по експлозијата.

Како што се дознава во нападот биле користени 50 килограми експлозив. 

Локалните безбедносни сили кои направија увид на местото на експлозијата стојат на можноста нападот да е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Инаку, подрачјето на градчето Африн во северниот дел на Сирија беше ослободено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со реализираната операција Маслиново гранче на 18 март 2018 година.

 



Слични вести