Путин и Алиев разговараа за Заедничкиот турско-руски центар

Рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев разговараа телефонски за формираниот Заеднички турско-руски центар за набљудување на примирјето во Нагорно Карабах кој почна да функционира од денеска

1574224
Путин и Алиев разговараа за Заедничкиот турско-руски центар

Рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев разговараа за случувањата во врска со Заедничкиот турско-руски центар за набљудување којшто е формиран во Нагорно Карабах.

Во објавеното писмено соопштение од дворецот на претседателството на Русија (Кремљ) се истакнува дека во остварениот телефонски разговор помеѓу Путин и Алиев беше консултирано за случувањата во врска со Заедничкиот турско-руски центар за набљудување кој почна да функционира денеска во рамките на надгледувањето на примирјето во Нагорно Карабах.

Во соопштението се вели следното: "Во разговорот е изнесено верувањето дека центарот ќе придонесе за доведување во уште постабилна состојба на ситуацијата во Нагорно Карабах и исполнување онака како што е потребно на постигнатите договори во регионот."

Инаку, откако азербејџанската армија во започнатата операција на 27 септември 2020 година ослободи од  окупација 5 градови, 4 градчиња и 286 села,  Ерменија на 10 ноември го призна поразот и го потпиша договорот со кој вети дека ќе се повлече и од окупираните градови Агдам, Лачин и Келбеџер.

Во едниот од членовите на декларацијата беше истакнато дека ќе се формира центар за набљудување со цел да се зголеми продуктивноста на контролата за придржување на страните кон примирјето. 

Записникот за разбирање во врска со Заедничкиот турско-руски центар  за набљудување беше потпишан на 11 ноември 2020 од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

 



Слични вести