Путин го потпиша указот за продолжување на „Новиот СТАРТ“ договор за уште 5 години

Рокот на 10 годишниот договор којшто стапи во сила на 5 февруари 2011 година истекуваше на 5 февруари 2021 година така што сега е продолжен до 5 февруари 2026 година

1574142
Путин го потпиша указот за продолжување на „Новиот СТАРТ“ договор за уште 5 години

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот со кој Новиот Договор за намалување на стратешкото оружје (Новиот СТАРТ) се продолжува до 5 февруари 2026 година.

„Новиот СТАРТ“ т.е. „New START“, е во својство на продолжеток на Договорите за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ 1 и СТАРТ 2) коишто Соединетите Американски Држави (САД) ги потпишаа во 1991 година со Советска Русија и со Руската Федерација во 1993 година.

Освен тоа овој договор е во својство и на последен нуклеарен договор којшто е во примена помеѓу Вашингтон и Москва.

Со договорот се воведуваат ограничувања за нуклеарните боеви глави и нуклеарните ракети од долг дострел.

Рокот на 10 годишниот договор којшто стапи во сила на 5 февруари 2011 година истекуваше на 5 февруари 2021 година.



Слични вести