Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел наредната недела ќе отпатува во посета на Русија

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел наредната недела ќе отпатува во посета на Русија каде ќе се состане со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други руски функционери

1573790
Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел наредната недела ќе отпатува во посета на Русија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел наредната недела ќе ја посети Русија.

Со оваа посета Борел ќе стане првиот висок претставник на ЕУ кој ќе допатува во посета на Русија од 2017 година наваму.

Од канцеларијата на Жозеп Борел се истакнува дека високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за време на дводневната посета на Русија каде ќе отпатува на 4 февруари, ќе се состане со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и со други руски функционери.

Посетата на Борел на Москва е значајна од аспект на тоа што ќе бидат разгледани во една широка рамка односите на страните пред Лидерскиот самит на Еврпската унија (ЕУ) што ќе се одржи во март, а на кој ќе се разговара за односите меѓу ЕУ и Русија. 

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жозеп Борел за време на посетата освен прашања како што се активностите на Русија во Украина, значењето од продолжување на потпишаниот нуклеарен договор со Иран, состојбата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), ќе го постави на дневен ред и труењето и апсењето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални. 

 



Слични вести