Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 10 починати, 336 новозаразени

Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 10 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.831 лице, со регистрирани 336 новозаразени бројот на инфектираните достигна до 91.891 лице

1573280
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 10 починати, 336 новозаразени
super foto fransa korona fransa 2.jpg
koronavirüs abd3.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona abd süper
super foto fransa korona.jpg
super foto fransa korona disneyland.jpg
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 201 илјада 043 лица, на случаите на зараза изнесува над 102 милиони 040 илјади, а досега оздравеа повеќе од 73 милиони 866 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 443 илјади 769 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува повеќе од 26 милиони 338 илјади 607.

Во сојузната држава Њујорк, која е епицентар на пандемијата е соопштено дека Одделот за здравство известил за 50 отсто помалку од бројот на смртните случаи од Ковид-19 во домовите за згрижување. Од друга страна пак, за прв пат кај две лица во Јужна Каролина во САД е регистрирана мутирана варијанта на вирусот којашто е утврдена во Јужна Африка и која се шири многу побрзо.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 221 илјада 676 лица, а на случаите на зараза изнесува 9 милиони 060 илјади 786.

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани 1.239 починати и 2.680 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 103.126, а на инфектираните достигна до 3 милиони 743 илјади 734 лица. Велика Британија продолжува да е земја со најголем број човечки загуби од Ковид-19 во Европа.

Во Италија, со смртта на уште 492 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 87.381 лице. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 14.372 новозаразени изнесува 2 милиони 515 илјади 507 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 344 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 74.800 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 23.770 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 3 милиони 130 илјади 629 лица.

Во Шпанија, со смртта на 515 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 57.806 лица, а на инфектираните со регистрирани 34.899 новозаразени достигна до 2 милиони 792 илјади 360 лица. Како што е соопштено, бројката на регистрирани случаи на Ковид-19 меѓу затворениците во последните 15 дена е зголемена за два пати.

Во Германија, со смртта на уште 862 лица во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 56.220, а на инфектираните со 14.883 новозаразени достигна до 2 милиони 194 илјади 562 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 10 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.831 лице.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 336 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 91.891 лице. 

Институтот за јавно здравје регистрира 385 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 80.393 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.667 лица.

 



Слични вести