Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 394 инфектирани

Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека е регистрирана мутација на британската варијанта на коронавирусот, што е прв случај во земјата

1572539
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 9 починати, 394 инфектирани
koronavirüs abd4.jpg
koronavirüs abd3.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 3.jpg
Koronavirüs4.jpg
Koronavirüs3.jpg
korona ingiltere 02.jpg
korona abd süper
Kuzey Makedonya Koronavirüs.jpg
Kuzey Makedonya OHAL İlan.jpg
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere
Covid-19.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 184 илјади 273 лица, на случаите на зараза изнесува над 101 милион 442 илјади, а досега оздравеа повеќе од 73 милиони 326 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 439 илјади 517 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 26 милиони 166 илјади 201.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 220 илјади 237 лица, а на случаите на зараза изнесува 9 милиони 000 илјади 485 лицаç

Во Велика Британија, во изминатите 24 часа се регистрирани  725 починати и 25.308 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 101.887 лица, а на инфектираните достигна до 3 милиони 715 илјади 054 лица.

Велика Британија продолжува да е земја со најголем број човечки загуби од Ковид-19 во Европа. Британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека за спречување на влезот на новите варијанти на вирусот во земјата британските граѓани кои ќе се вратат од земјите за кои се применува забрана за патување, ќе бидат ставени во карантин.

Во Италија, со смртта на уште 467 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 86.889 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 15.204 новозаразени изнесува 2 милиони 501 илјада 147 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 351 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 74.456 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 26.916 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 3 милиони 106 илјади 859 лица.

Портпаролот на француската Влада Габриел Атал истакна дека епидемијата проодлжува да се шири брзо во земјата и дека расте бројот на инфектираните со новата мутирана варијанта на Ковид-19 којашто е детектирана во Велика Британија и која се шири со поголема брзина. Тој рече дека ќе бидат заострени мерките и дека се разгледуваат повеќе опции меѓу кои се наоѓа и одлуката за повторно воведување на карантин во земјата.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа починаа 492 лица со што бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 57.291 лице, а на инфектираните со регистрирани 40.285 новозаразени достигна до 2 милиони 774 илјади 014 лица. 

Во Германија, со смртта на уште 968 во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 55.358 лица, а на инфектираните со 15.611 новозаразени достигна до 2 милиони 179 илјади 679.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 9 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.821 лице.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 394 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 91.155 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 387 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 80.008 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.726 лица.

Во меѓувреме, Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека е регистрирана мутација на британската варијанта на коронавирусот, што е прв случај во земјата.

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен“, се вели во соопштението.

Како што се наведува, во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата.

 



Слични вести