Американскиот државен секретар Блинкен ја нагласи посветеноста на САД кон зајакнувањето на НАТО

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оствари одделни телефонски разговори со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со своите колеги од Велика Британија, Германија, Франција и Израел

1572763
Американскиот државен секретар Блинкен ја нагласи посветеноста на САД кон зајакнувањето на НАТО

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс објави писмено соопштение во врска со остварениот телефонски разговор на државниот секретар Ентони Блинкен со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Во соопштението се истакнува дека новиот американски државен секретар Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг постигнале согласност по прашањето на започнување со работите за организирање на Лидерски самит на НАТО во првата половина на 2021 година.

Блинкен ја нагласил посветеноста на неговата земја (САД) кон зајакнувањето на НАТО.

„Државниот секретар Блинкен во остварениот разговор со генералниот секретар на НАТО Столтенберг ја потцрта посветеноста на администрацијата на Бајден кон зајакнувањето и заживувањето на трансатлантскиот сојуз.“ - се вели во соопштението.

Освен тоа, новиот американски државен секретар Ентони Блинкен оствари одделни телефонски разговори и со британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и со израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази. 

Блинкен на овие остварени разговори со своите европски колеги уште еднаш го нагласи значењето на НАТО Сојузот и на билатералните односи на Соединетите Американски Држави (САД) со наведените земји.

Блинкен нагласи дека и во остварениот телефонски разговор со израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази ја нагласил цврстата посветеност на неговата земја кон безбедноста на Израел.

Упатувајќи пофалби на постигнатиот напредок во т.н. „Договори на Абрахам (Ибрахим)“ меѓу Израел и Арапските земји, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја изнесе заинтересираноста на САД во оваа точка во правец на уште повеќе развивање на мирот.

 



Слични вести