Тешка сообраќајна несреќа во Камерун: Загинаа најмалку 53 лица, 29 мина се повредени

Во месноста Фалаисе во близина на градчето Дшанг во камерун се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу патнички автобус кој превезувал приближно 70 лица и камион во која според првични информации загинаа најмалку 53 лица, а 29 мина се повредени

1572331
Тешка сообраќајна несреќа во Камерун: Загинаа најмалку 53 лица, 29 мина се повредени

Во судир на патнички автобус и камион во градчето Дшанг во централноафриканската држава Камерун загинаа најмалку 53 лица, а 29 мина се повредени.

Според вестите објавени во националниот печат, во месноста Фалаисе во близина на градчето Дшанг  се случи тешка сообраќајна несреќа помеѓу патнички автобус кој превезувал приближно 70 лица и камион. 

Во сообраќајната несреќа во која под дејство на судирот избувнал пожар во возилата, според првични информации загинаа најмалку 53 лица, а 29 мина се повредени.

Надлежни се загрижени од зголемување на бројот на загинатите.



Слични вести