Министрите за надворешни работи на Г-7 ја повикаа Москва веднаш да го ослободи Алексеј Навални

Министрите за надворешни работи на земјите на Г-7 ги повикаа властите во Москва веднаш да го ослободат рускиот опозициски политичар Алексеј Навални за кого се вели дека е уапсен со „политички мотивации“

1572104
Министрите за надворешни работи на Г-7 ја повикаа Москва веднаш да го ослободи Алексеј Навални

Министрите за надворешни работи на земјите на Г-7 ја повикаа Москва веднаш да го ослободи рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Во објавеното заедничко соопштение со заедничкиот потпис на Соединетите Американски Држави (САД), Канада, Франција, Германија, Италија, Велика Британија, Јапонија и високиот претставник на Европската унија (ЕУ), се критикуваат властите во Москва поради ставот по прашањето на апсењето на Навални. 

Во соопштението се застанува во одбрана на тоа дека апсењето на Навални е извршено со „политички мотивации“, а воедно се вели дека на протестите коишто се одржуваат по апсењето на Навални се уапсени и илјадници мирољубиви протестирачи и голем број новинари, во врска со што се истакнува дека тоа е неприфатливо.

Во соопштението се застанува во одбрана на тоа дека се настојува да бидат замолчени поборниците за човекови права и елементите на граѓанските организации, а исто така се подвлекува и следното: „Ги повикуваме руските власти веднаш да го ослободат господинот Навални.“

 



Слични вести