Џевад Зариф по остварените посети на Азербејџан и Русија отпатува во посета на Ерменија

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф по остварените посети на Азербејџан и Русија отпатува во посета на Ерменија кадешто се состана со својот ерменски колега, министерот за надворешни работи Ара Авазјан

1572302
Џевад Зариф по остварените посети на Азербејџан и Русија отпатува во посета на Ерменија

Според веста објавена на официјалната интернет страница на Министерството за надворешни работи на Иран, министерот за надворешни работи Џевад Зариф во рамките на своите посети на регионалните земји по остварените посети на Азербејџан и Русија отпатува во посета на Ерменија кадешто се состана со својот ерменски колега, министерот за надворешни работи Ара Ајвазјан.

На средбата беа разгледани билатералните односи помеѓу Иран и Ерменија и регионални прашања.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф истакна дека територијалниот интегритет на Ерменија претставува црвена линија за неговата земја и го рече следното: „Значајни се територијалниот интегритет, независноста и националниот суверенитет на сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Република Ерменија. Територијалниот интегритет на Ерменија претставува црвена линија на Иран.“

Зариф ја окарактеризира Ерменија како „значаен сосед на Иран“ и со пофалби говореше за потезите на Ерменија и  на нејзиниот премиер Никол Пашинјан за во иднина. 

Ерменскиот министер за надворешни работи Ара Ајвазјан пак, на остварената средба стави акцент на добрососедските и пријателските односи на двете земји.

Велејќи дека Иран е четвртиот по големина економски партнер на Ерменија, Ајвазјан го истакна значењето од развојот на односите. 

Освен тоа, се истакнува дека во рамките на оваа остварена средба беше разговарано и за банкарството помеѓу двете земји, транспортот, извозот на иранските производи и прашања во врска со околината на реката Арас.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф се планира да се состане и со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, а потоа по посетата на Ерменија, се очекува да ги посети и Грузија и Турција.

 



Слични вести