Во САД првпат една муслиманка беше назначена за главен обвинител

Оценувајќи го назначувањето како „голема чест“, Мохсин рече: „Јас сум длабоко посветена на исполнувањето на нашата основна мисија за верно спроведување на законите и барање правда за сите“.

1571157
Во САД првпат една муслиманка беше назначена за главен обвинител

 

Во Соединетите Американски Држави (САД), првпат една муслиманка со имигрантско потекло беше назначена за вршител на должноста федерален јавен обвинител.

Саиме Мохсин, родена во Пакистан, беше избрана за заменик-јавен обвинител на источниот регион на државата Мичиген и во историјата влезе како „прва муслиманка во земјата која беше назначена на оваа функција“.

Оценувајќи го назначувањето како „голема чест“, Мохсин рече: „Јас сум длабоко посветена на исполнувањето на нашата основна мисија за верно спроведување на законите и барање правда за сите“.

52 годишната Мохсин, која функцијата ќе ја преземе од 1 февруари, од 2002 година наваму работи во правосудниот сектор, вклучувајќи ги функциите заменик јавен обвинител во Њу Џерси и Њујорк, а од март 2018 година работеше како главен помошник во федералното обвинителство на Мичиген.



Слични вести