Терористички напад во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија: Загинаа двајца цивили, двајца се ранети
Локалните безбедносни сили кои извршија увид на местото на експлозијата стојат на можноста нападот да е реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК

Во експлозија на поставена експлозивна направа во мотоцикл во населеното место Тел Абјад кое се наоѓа под контрола на опозиционерите, во северниот дел на Сирија, загинаа двајца цивили, а двајца се ранети.
Тешко ранетиот е префрлен на лекување во Турција.
Локалните безбедносни сили кои извршија увид на местото на експлозијата стојат на можноста нападот да е реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Центарот на населеното место Тел Абјад во северниот дел на Сирија со реализираната операција Извор на мирот на 13 октомври 2019 година беше исчистен од тероризмот.
Меѓутоа, сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК од областите на Ајн Иса и Тел Темир кадешто продолжува ја окупацијата, често реализира терористички напади врз областите на Расулајн и Тел Абјад кои со операцијата Извор на мирот се исчистени од тероризмот.