Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 6 починати, 63 инфектирани

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 6 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.791 лице

1570907
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 6 починати, 63 инфектирани
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 3.jpg
korona ingiltere 02.jpg
koronavirüs5.jpg
korona abd süper
super foto fransa korona.jpg
KORONAVİRÜS SÜPER
super foto fransa korona disneyland.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 149 илјади 461 лице, на случаите на зараза изнесува над 100 милиони 286 илјади, а досега оздравеа повеќе од 72 милиони 293 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 431 илјада 392 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 25 милиони 861 илјада 597.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 217 илјади 712 лица, а на случаите на зараза изнесува 8 милиони 872 илјади 964 лица

Во Велика Британија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, во изминатите 24 часа се регистрирани  592 починати и 22.195 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 98.531 лице, а на инфектираните достигна до 3 милиони 669 илјади 658 лица.

Британскиот премиер Борис Џонсон, бара начини за олеснување на дел од воведените рестриктивни мерки со цел забавување на ширењето на Ковид-19 пред средината на февруари. Џонсон, претходно изјави дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки имајќи предвид дека бројот на заразени лица од коронавирус не се намалува. Тој нагласи дека мерките ќе останат во сила сè додека не се биде сигурен дека програмата за вакцинација влијае на спречување на ширењето на епидемијата. Британската влада без поголеми проблеми ги измени законите за целосно затворање, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и на јавните места до 17 јули оваа година.

Во Италија, со смртта на уште 420 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 85.881 лице. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 8.561 новозаразен изнесува 2 милиони 475 илјади 372 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 445 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 73.494 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 4.240 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 3 милиони 057 илјади 857 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 56.208 лица, а на инфектираните достигна до 2 милиони 697 илјади 294 лица. 

Во Германија, бројот на смртните случаи се зголеми на 53.402, а на инфектираните изнесува 2 милиони 154 илјади 656.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 6 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.791 лице.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 63 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 90.717 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 78.727 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 9.199 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 150.273, Колумбија 51.747, Аргентина 47.034, Перу 39.777, Полска 35.401,  Украина 21.924, Белгија 20.779, Канада 19.238, Чиле 17.999, Романија 17.841, Чешка 15.453, Еквадор 14.639, Холандија 13.579,  Швајцарија 9.146.

 



Слични вести