Сенатот ја одобри кандидатурата на Џенет Јелен за секретарка за финансии на САД

Сенатот со 84 гласа за наспроти 15 гласа против ја одобри кандидатурата на Џенет Јелен за нова секретарка за финансии на САД

1571148
Сенатот ја одобри кандидатурата на Џенет Јелен за секретарка за финансии на САД

Сенатот на Соединетите Американски Држави (САД) ја одобри кандидатурата на поранешната претседателка на Американската централна банка (FED) Џенет Јелен, која од страна на претседателот Џо Бајден беше номинирана за секретарка за финансии на САД.

На одржаното гласање на седницата на Сенатот 84 сенатори гласаа „за“, а 15 „против“.

На тој начин, Џенет Јелен која претходно ја извршуваше должноста претседателка на Американската централна банка (FED) стана прва жена назначена за секретарка за финансии на во и историјата на Соединетите Американски Држави (САД). 

Јелен во петокот доби одобрение и од Комитетот за финансии на Сенатот на САД.

Од друга страна, новата секретарка за финансии Џенет Јелен ќе ја придружува и Дидем Нишанџи од турско потекло која ја извршува должноста нејзина секретарка.

 



Слични вести