Кристин Лагард: Економското опоравување може да задоцни, меѓутоа не треба да се исклучи од колосек

Претседателката на Европската централна банка (ECB) Кристин Лагард го рече следното: „Економското опоравување може да задоцни, меѓутоа не треба да се исклучи од колосек“

1571036
Кристин Лагард: Економското опоравување може да задоцни, меѓутоа не треба да се исклучи од колосек

Претседателката на Европската централна банка (ECB) Кристин Лагард истакна дека економското опоравување во Еврозоната може да задоцни, меѓутоа предупреди дека не треба да се исклучи од колосек ова постепено опоравување.

Лагард во говорот што го одржа на панелот на тема „Повторната изградба на еконосмкиот раст што се одржа во виртуелна средина во рамките на состаноците „Агeндата на Давос 2021“ на Светскиот економски форум (WEF) рече дека во четвртиот квартал на 2020 година е доживеано стеснување во Еврозоната.

Нагласувајќи дека во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) треба да бидат погодни условите за финансирање на фирмите и домаќинствата, Лагард рече: „По пандемијата економијата ќе биде различна.“

Кристин Лагард напомена дека и покрај грижите и ригорозните ограничувања во однос на новите варијанти на Ковид-19 се надева оти 2021 година ќе биде година на економско опоравување.

Во врска со Еврозоната, Претседателката на Европската централна банка (ECB) Кристин Лагард го рече следното: „Економското опоравување може да задоцни, меѓутоа не треба да се исклучи од колосек.“

 



Слични вести