Гутерес: Мора да се обезбеди вакцината против Ковид-19 да биде достапна за „сите и секаде“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес рече дека единствениот пат за заживување на глобалната економија е доставувањето на најбрз начин на вакцината против новиот тип коронавирус насекаде низ светот

1571007
Гутерес: Мора да се обезбеди вакцината против Ковид-19 да биде достапна за „сите и секаде“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес преку видео-конференција учествуваше на состанокот „Агендата на Давос 2021“ на Светскиот економски форум (WEF) и во оваа пригода предупреди дека доколку задоцни пристапот на земјите во развој до вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) вирусот може да мутира и да биде попренослив (позаразен) и посмртоносен, а со тоа би можеле да не вредат и сегашните вакцини.

Гутерес рече дека единствениот пат за заживување на глобалната економија е доставувањето на најбрз начин на вакцината против новиот тип коронавирус насекаде низ светот.

Велејќи „Доколку развиените земји мислат дека со вакцинирање на своите граѓани и со запоставување на земјите во развој ќе бидат безбедни, се лажат во тоа“, Гутерес  ја изнесе следната констатација: „Постои опасност од вистинска мутација којашто вирусот ќе го направи попренослив (позаразен) и посмртоносен, а сегашните вакцини нема да вредат.“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес привлече внимание дека набавката и раздавањето на вакцините не се вршат рамноправно и нагласи дека во целиот свет треба да се зголеми капацитетот на производството на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести