Ангела Меркел: Пандемијата ќе продолжи да влијае на нашиот живот и во наредните месеци и години

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека излезот од епидемијата на Ководи-19 нема да трае кусо колку што се очекуваше и рече: „Пандемијата ќе продолжи да влијае на нашиот живот и на нашиот начин на работа и во наредните месеци и години“

1571620
Ангела Меркел: Пандемијата ќе продолжи да влијае на нашиот живот и во наредните месеци и години

Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот што го одржа на неделата „Агендата на Давос 2021“ на Светскиот економски форум (WEF) истакна дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) покажа дека постои слабост во глобалниот синџир на снабдување.

Нагласувајќи дека излезот од епидемијата на Ковид-19 нема да трае кусо колку што се очекуваше и го рече следното: „Пандемијата ќе продолжи да влијае на нашиот живот и на нашиот начин на работа и во наредните месеци и години. Синџирите за снабдување треба да бидат доведени во поиздржлива состојба.“

Во врска со производството на вакцината на БиоНТек/Фајзер против Ковид-19 за време од 12 месеци, Меркел истакна дека човештвото постигна големи научни успеси и дека тоа го покажува патот за излез од епидемијата.

Ангела Меркел, како лекции коишто ќе се извлечат од кризата од Ковид-19 ги наброи тоа колку се поврзани глобализацијата и земјите и ранливоста на човештвото како дел од природниот свет.

Укажувајќи дека човештвото живее само на една планета, Меркел рече дека изолацијата на земјите и луѓето во една егзистенцијална криза како што е Ковид-19 резултира со неуспех.

Таа нагласи дека глобалниот мултилатерален приод помага за намалување на влијанијата на епидемијата врз здравството и економијата, а воедно упати повик да бидат "праведно" раздавани вакцините против Ковид-19 во светот. 

Меркел напомена дека нејзината земја за време на кризата со Ковид-19 ја долови можноста да ги научи своите "силни" и "слаби" страни и дека ригорозната финансиска политика којашто се применуваше пред Ковид-19 во Германија го поддржува по прашањето на помагање на економијата за време на криза.

Германската канцеларка Ангела Меркел, Светската трговска организација (СЗО) ја окарактеририза како основа на праведната трговија и рече дека нејзината земја ќе лобира за зајакнување на Светската трговска организација (СЗО).

 



Слични вести