Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 71.820.000

1570440
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.140.240 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 99.821.000 а бројот на оздравените над 71.820.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 429.490. Бројот на заразени во земјата во последните 24 часа изнесува 25.702.000 лица.

Бројот на смртните случаи поради коронавирусот во Велика Британија се зголеми за уште 610, додека на заразените за уште 30.004 лица. Вкупниот број на смртните случаи во земјата се зголеми на 97.939, додека бројот на заразените на 3.647.463.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во поселдните 24 часа во Франција се зголеми за уште 172 и изнесува 73.049. Бројот на заразените во земјата за само еден се зголеми за уште 18.436 и изнесува 3.053.617. Од друга страна пак загриженоста на граѓаните во земјата дека епидемијата на новиот тип на коронавирусот ќе продолжи и во 2021 предизвика граѓаните да прават залихи на храна. Французите поради загриженост од недостиг и дека ќе завршат залихите, почнаа да купуваат замрзната храна и конзерви кои подолго време може да се чуваат.

Бројот на смртните случаи во епидемијата на коронавирусот во Шпанија изнесува 55.441, додека бројот на инфектираните 2/.603.472. Стапката на пополнетост на болниците во ова земја се искачи на максимално ниво. Локалните управи кои работат координирано со Министерството за здравство и преземаат координирани превентиви, со полските болници бараат решение на интензивниот број на пациенти.



Слични вести