Џо Бајден оствари телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон

Во телефонскиот разговор беше нагласено зајакнувањето на билатералните врски помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Франција

1570506
Џо Бајден оствари телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон. 

Во телефонскиот разговор беше нагласено зајакнувањето на билатералните врски помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Франција.

Според објавеното писмено соопштение од Белата куќа, Џо Бајден кој на 20 јануари положи заклетва и стапи на должност како 46. претседател на Соединетите Американски Држави (САД), вчера оствари телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во соопштението се укажува дека во телефонскиот разговор Џо Бајден му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека Соединетите Американски Држави (САД) сакаат да ги зајакнат своите билатерални врски  со својот најстар сојузник Франција, а воедно САД го повториле дадениот збор по прашањето на развојот на своите трансатлантски односи вклучувајќи ги и односите со НАТО и Европската унија (ЕУ).

Во соопштението се истакнува дека двајцата лидери, Џо Бајден и Емануел Макрон, постигнале согласност по прашањето на потребата од блиска соработка во разгледувањето на заедничките проблеми како што се климатските промени, Ковид-19 и глобалното економско подобрување.

Се подвлекува дека Бајден и Макрон се едногласни по прашањето на заедничкото работење во надворешно политичките приоритети како што се Кина, Блискиот исток, Русија и регионот Сахел.

 



Слични вести