Морски пирати во Гвинејскиот залив крај брегот на Нигерија нападнаа турски брод

Како што е соопштено турскиот брод по име „Mozart“ во сопственост на компанија со седиште во Истанбул, во Гвинејскиот залив на околу 100 милји од Сао Томе крај брегот на Нигерија бил нападнат од страна на морски пирати

1569730
Морски пирати во Гвинејскиот залив крај брегот на Нигерија нападнаа турски брод

Во близина на брегот на Нигерија во Западна Африка морските пирати извршија напад врз турски брод при што беше убиен еден член на посадата Азербејџанец.

Како што е соопштено турскиот брод по име „Mozart“ во сопственост на компанија со седиште во Истанбул, во Гвинејскиот залив на околу 100 милји од Сао Томе крај брегот на Нигерија бил нападнат од страна на морски пирати.

Во објавеното соопштение од компанијата се истакнува дека во нападот на пиратите е убиен еден од 19'те членови на посадата на бродот кој од градот Лагос во Нигерија пловел за градот Кејптаун во Јужноафриканската Република, 15 членови на посадата се киднапирани, а тројца членови кои се спасиле од нападот останале на бродот.

Веднаш по веста за нападот врз турскиот брод Турција ги започна иницијативите за пронаоѓање на киднапираните морнари, членови на посадата на бродот.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со четвртиот капетан на бродот Фуркан Јарен од кого доби информации во врска со состојбата. 

Претседателот Ердоган беше информиран дека бродот со тројца свои членови на посадата кои се спасиле од нападот пловел кон Габон и веднаш потоа истакна дека случајот се следи од близу и дека се издадени неопходните инструкции до сите надлежни во врска со спасувањето на киднапираните членови на посадата.

Министерот за внатрешни работи Мевлут Чавушоглу исто така разговараше телефонски со четвртиот капетан на бродот Фуркан Јарен и со сопственикот на компанијата Осман Левент Карсан до кого го достави своето сочувство и посака што побрзо да биде пребродена оваа состојба. 

Чавушоглу нагласи дека ќе биде направено неопходното за што побрзо спасување на киднапираните членови на посадата на бродот и нивно безбедно враќање во своите домови. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го побара по телефон и азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов до кого го достави своето сочувство за смртта на едниот член на посадата азербејџански државјанин кој бил убиен во нападот и го информира дека откако бродот ќе се укотви во пристаништето веднаш ќе бидат започнати работите за испраќање на мртвото тело на убиениот азербејџански државјанин во неговата земја.

Турција ги мобилизира сите свои амбасади во околните земји на чело со амбасадата во главниот град на Нигерија Абуџа за спасување на киднапираните членови на посадата на бродот.

 



Слични вести