Исламофобичен напад врз џамија во Данска

Врз Џамијата Аабенраа во Данска на 30 километри од границата со Германија беше извршен исламофобичен напад

1569846
Исламофобичен напад врз џамија во Данска

Врз една џамија која делува во рамките на Турската фондација на верски прашања во Данска беше извршен исламофобичен напад.

Нападот беше извршен врз Џамијата Аабенраа на 30 километри од границата помеѓу Данска и Германија.

На ѕидот на џамијата која поради преземените мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е делумно затворена и во која не се клањаат и џума намазите (петочните молитви) беа напишани зборови со навреда на светата муслиманска книга Куран-и Керим. 

Претседателот на Здружението на џамијата Хуршит Токај истакна дека на ѕидот на џамијата се напишани зборови со навреда на светата книга на исламската религија Куран-и Керим.

Данската полиција започна истрага во врска со нападот.

Избришени се напишаните зборови на ѕидот на џамијата, додека не е утврдена друга причинета штета во џамијата.

 

 



Слични вести