Антивладини протести во Франција
На протестот во главниот град Париз учествуваа илјадници демонстранти кои протестираа против контроверзниот нацрт закон за безбедност и отпуштањата од работа во периодот на пандемијата

Во Франција е одржан протест против контроверзниот нацрт закон за безбедност и отпуштањата од работа во јавниот сектор во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Илјадници демонстранти кои се собраа пред Националното Собрание во главниот град Париз оттука маршираа до зградата на Организацијата на бизнисмени и индустријалци на Франција (МЕДЕФ).
Демонстрантите носеа девизи против францускиот претседател Емануел и француската влада и извикуваа слогани.
Протестираа против контроверзниот нацрт закон којшто се истакнува со членот со кој се забранува објавувањето на снимките на полицијата и жандармеријата за време на исполнување на својата задача и отпуштањата од работа во јавниот и приватниот сектор во периодот на пандемијата.
На протестот поддржан од Генералната работничка конференција (ЦГТ) жолтите елеци, учествуваше и лидерот на екстремно левичарското Движење Непокорна Франција (LFI) и кандидат за претседател Жан-Лук Меланшон.