Урускиј: „Има многу работи коишто можат да се научат од Турција“

Турција не само одбранбената индустрија, туку ја разви целата индустрија како целина

1569647
Урускиј: „Има многу работи коишто можат да се научат од Турција“

Украинскиот вицепремиер и министер за стратешки индустрии Олег Урускиј рече дека од Турција,  како земја којашто не само одбранбената индустрија, туку целосно ја подобрува својата индустрија, може да се научат многу работи.

Олег Урускиј, во интервју за весникот „Ден“ направи проценка на одбранбената индустрија на Турција и Украина.

Гледајќи го успехот на турското искуство што го постигна во последните години влева доста ветување во иднината, рече Урускиј потенцирајќи дека Турција не само одбранбената индустрија, туку ја разви целата индустрија како целина.

Пред 30 години никој не можеше да предвиде дека Турција ќе се искачи на ниво на земја која ќе може да продава оружје на светскиот пазар додека денес ние соработуваме со војство на рамноправни партнери со Турција и имаме доста нешта коишто можеме да ги научиме од Турција.

Потсетувајќи на Договорот за производство корвети од типот Ада со Турција, Урускиј рече, првата корвета се очекува да се произведе во Турција, додека останатите во Украина“.



Слични вести