За време на протестите во Тунис коишто продолжуваат од крајот на неделата се притворени повеќе од илјада лица

Потпретседателот на Туниската лига за човекови права (LTDH) Бесам Итрифи истакна дека туниските безбедносни сили за време на последните протести притворија повеќе од илјада лица од кои најмалку половината се неполнолетни (под 18 годишна возраст)

1568761
За време на протестите во Тунис  коишто продолжуваат од крајот на неделата се притворени повеќе од илјада лица

За време на протестите коишто поради социоекономски причини од крајот на неделата продолжуваат да се одржуваат во Тунис, се притворени повеќе од илјада лица.

Потпретседателот на Туниската лига за човекови права (LTDH) Бесам Итрифи говореше на состанокот што се одржа во седиштето на Синдикатот на новинарите на Тунис во истоимениот главен град.

Итрифи рече: „Туниските безбедносни сили за време на последните протести притворија повеќе од илјада лица од кои најмалку половината се неполнолетни (под 18 годишна возраст).“

Велејќи дека безбедносните сили ги притвораат демонстрантите случајно, по сопствена волја, Итрифи застана во одбрана на тоа дека повеќе деца се подложени на лошо однесување и дека е применувано насилство врз приведените неполнолетни деца.

Инаку, во Тунис поради економски причини почнувајќи од крајот на минатата недела се одржуваат голем број протести.

На социјалните медиуми беа споделени снимки како за време на овие протести се оштетуваат јавните згради, се палат возилата и се ограбуваат продавниците.

Поготово пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) поради која се отежнати и социоекономските услови во глобална смисла, влијае длабоко и на условите на живот во Тунис.

Тунис, кадешто се прекинати туристичките приходи од коишто се обезбедуваат девизни средства и претставуваат извор за вработување, води борба против економски проблеми како што се високиот процент на невработеност особено меѓу младите, ослабената куповна моќ на луѓето и намалувањето на инвестициите.

 



Слични вести