Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 15 починати, 356 новозаразени

Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести, работното време на рестораните и другите угостителски објекти во земјата од денеска (21 јануари) го продолжува до 21:00 часот

1568727
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 15 починати, 356 новозаразени
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
korona ingiltere 02.jpg
Koronavirüs3.jpg
korona ingiltere 01.jpeg
italya korona.jpg
super foto fransa korona.jpg
super foto fransa korona disneyland.jpg
KORONAVİRÜS SÜPER

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 100 илјади 452 лица, на случаите на зараза изнесува над 98 милиони 093 илјади, а досега оздравеа повеќе од 70 милиони 487 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 420 илјади 285 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 25 милиони 196 илјади 086.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 214 илјади 228 лица, а на случаите на зараза изнесува 8 милиони 575 илјади 742 лица.

Во Велика Британија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, во изминатите 24 часа се регистрирани  1.290 починати и 37.892 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 94.580 лица, а на инфектираните достигна до 3 милиони 543 илјади 646 лица.

Во Италија, со смртта на уште 521 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 84.202 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 14.078 новозаразени изнесува 2 милиони 428 илјади 221 лице.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 346 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 71.998 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 22.848 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 987 илјади 965 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа се регистрирани 404 починати со што бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 55.041 лице. На инфектираните пак, со регистрирани 44.357 новозаразени што претставува највисока бројка од почетокот на епидемијата досега достигна до 2 милиони 560 илјади 587 лица. 

Во Германија, во изминатите 24 часа починаа 855 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 51.151, а на инфектираните со раст од 18.700 лица достигна до вкупно 2 милиони 108 илјади 895.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 15 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.754 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 356 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 89.817 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 75.387 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 11.676 лица.

Во меѓувреме, согласно донесената одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести, работното време на рестораните и другите угостителски објекти во земјата од денеска (21 јануари) се продолжува до 21:00 часот.

Исто така и министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче преку социјалните медиуми информираше дека наредната недела откако ќе биде анализирана епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде продолжено до 23:00 часот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји во светот е вака: 

Мексико 146.174, Колумбија 50.187, Аргентина 46.355, Перу 39.274, Полска 34.561, Украина 21.499, Белгија 20.620, Канада 18.622,  Чиле 17.702, Романија 17.554,  Чешка 14.973, Еквадор 14.526, Холандија 13.337,  Швајцарија 8.971.

 



Слични вести