Портпаролот на МВР на Ирак: Зад двојниот самоубиствен терористички напад се наоѓа ДЕАШ

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Ирак Халид Михана истакна дека зад вчерашниот извршен двоен самоубиствен терористички напад чија цел беше еден пазар во центарот на Багдад се наоѓа терористичката организација ДЕАШ

1568753
Портпаролот на МВР на Ирак: Зад двојниот самоубиствен терористички напад се наоѓа ДЕАШ

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Ирак Халид Михана, во врска со одговорните за вчерашниот извршен двоен самоубиствен терористички напад во Багдад во кој загинаа 32 лица, а повеќе од 100 лица беа ранети, даде изјави за еден локален телевизиски канал во главниот град.

Михана истакна дека зад експлозијата се наоѓа терористичката организација ДЕАШ.

Велејќи дека зад самоубиствениот напад чија цел беше еден пазар во центарот на Багдад се наоѓа терористичката организација ДЕАШ, Михана рече: „Зад експлозијата, и покрај тоа што не ја презеде одговорноста, стои ДЕАШ. Со оваа експлозија ДЕАШ посака да ја даде пораката дека сеуште постои.“

Инаку, во вчера беше реализиран двоен самоубиствен напад на еден пазар за употребени предмети и облека на плоштадот Тајаран во центарот на главниот град на Ирак, Багдад.

Ирачките  безбедносни органи соопштија дека во овој двоен самоубиствен терористички напад загинаа 32 лица, а 110 лица се ранети.



Слични вести