Песков: Планираните протести за поддршка на Навални се незаконски и неприфатливи

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков истакна дека протестите за коишто се планира да се одржат утре за поддршка на Навалниј се „незаконски и неприфатливи“

1569232
Песков: Планираните протести за поддршка на Навални се незаконски и неприфатливи

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков даде изјави за новинарите во врска со протестите за коишто се очекува да се одржат за ослободување на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални кој на враќање од Германија во Москва веднаш беше приведен.

Песков истакна дека протестите за коишто се планира да се одржат утре за поддршка на Навалниј се „незаконски и неприфатливи“.

Привлекувајќи внимание дека протестите за коишто станува збор се недозволени, Песков рече: „Овде располагаме со само една позиција. А тоа е сигурно да се почитуваат законите и во врска со тоа дека е неприфатливо организирањето на незаконските протести, а особено провокациите во правец на приклучувањето на децата и младите кон протестите.“

Привлекувајќи внимание дека граѓаните се предупредени од страна на руското министерство за внатрешни работи и министерството за образование, Песков потсети дека Руската државна институција за надзор на технологиите за информирање и колективна комуникација (Роскомнадзор) побара од социјалните медиуми да ги сопрат емисиите со кои се поттикнуваат младите да учествуваат на недозволените протести.

Песков рече: „Овие сфери се користат за повици за приклучување кон незаконските протести. Во тој контекст, Роскомнадзор е во право поради тоа што ги предупреди овие медиуми дека ќе бидат казнети.“

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални откако се врати од Германија во Русија веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Москва на 17 јануари беше притворен и потоа беше донесена одлука за негово апсење до 15 февруари.

Тој ги повика сите граѓани на 23 јануари (утре) да учествуваат на протестите.

Од страна на Навални и неговата екипа преку каналот Јутјуб (YouTube) беше објавено видео по име „Палатата на Путин: Историјата на најголемото мито“ во кое се цели против рускиот претседател Владимир Путин и блиските околу него и кое собори рекорд по бројот на гледаност. 

 



Слични вести