Лидерите на земјите на ЕУ бараат да биде ослободен рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј

Лидерите на земјите на ЕУ побараа да биде ослободен рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј и да се спроведе итна независна и транспарентна истрага во врска со обидот за негово труење

1568790
Лидерите на земјите на ЕУ бараат да биде ослободен рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) побараа да биде ослободен рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј кој беше притворен на аеродромот во Москва веднаш откако се врати од Германија кадешто се наоѓаше на лекување поради труење.

Претседателот на Европскиот совет (ЕС)- Шарл Мишел повикот на лидерите на земјите членки на Унијата го изнесе по состанокот посветен на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) што го одржа преку видео-конференција со шефовите на држави и премиери на влади на 27 земји членки.

Појаснувајќи дека лидерите на Европската унија (ЕУ) очекуваат Русија да спроведе итна независна и транспарентна истрага во врска со обидот за труење на рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј, Мишел нагласи дека се очекува Русија во врска со оваа истрага да соработува со Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО.

Инаку, рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј кој на 20 август 2020 година од градот Томск се качи во авионот кој леташе за главниот град Москва за време на летот му се слоши и авионот мораше да се врати и да слета во Омск кадешто беше префрлен во болница и притоа беше наведено дека е отруен со отровна супстанца која му била ставена во чајот. 44-годишниот Навалниј  на 22 август со специјален авион од Омск беше префрлен на лекување во болницата Шарите во главниот град на Германија, Берлин.

Портпаролот на германската Влада Стефан Сеиберт на 2 септември 2020 година соопшти дека со сигурност е утврдено дека Навалниј бил отруен со нервен агенс „новичок“.

Алексеј Навалниј на 23 септември беше отпуштен од болница по што на 17 јануари од Германија допатува во Русија и веднаш откако слета на аеродромот во Москва овде беше притворен.

Судот пресуди Навалниј да остане во притвор 30 дена, до 15 февруари, а поради тоа што по него се трага од 29 декември 2020 година поради повеќекратни прекршувања на условите на неговата условна казна во врска со пресуда за измама во 2014 година, пресуди тој да остане во притвор 30 дена, до 15 февруари.



Слични вести