ЕУ го одложи издавањето на „сертификат за вакцинација“ и воведе ограничување за патувањата

Лидерите на ЕУ вчера одржаа состанок преку видео-конференција на која дискутираа за прашања како што се набавката и дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19, издавањето на сертификат за вакцинација и мерките за спречување на ширењето на пандемијата

1569032
ЕУ го одложи издавањето на „сертификат за вакцинација“ и воведе ограничување за патувањата
AB, aşı sertifikatı erteleme, seyahatler 01.jpg
AB, aşı sertifikatı erteleme, seyahatler.jpg

Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за одложување на издавањето на „сертификат за вакцинација“ на лицата кои ќе бидат вакциноирани против новиот тип (Ковид-19) и за „одвраќање на силен начин“ на непотребните патувања во Унијата, како и на патувањата кон трети земји, а со цел спречување на ширењето на вирусот.

Лидерите на земјите членки на Европската унија  (ЕУ) вчера одржаа состанок преку видео-конференција на која дискутираа за прашања како што се набавката и дистрибуцијата (раздавањето) на вакцините против Ковид-19, издавањето на сертификат за вакцинација на лицата кои ќе бидат вакцинирани и мерките за спречување на ширењето на пандемијата.

На крајот на состанокот, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен заедно и со претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел го информираа печатот и притоа истакнаа дека чувствуваат загриженост од тоа што почнаа да се шират во Европа нови варијанти на коронавирусот, дека имаат за цел на силен начин на бидат одвратени патувањата коишто не се потребни внатре меѓу земјите членки на Европската унија (ЕУ) и меѓу Унијата и трети земји и дека е предложено на епидемиолошката мапа на Европа на којашто се прикажуваат ризичните области да биде додадена уште една нова ознака.

Фон дер Лејен истакна дека областите коишто ќе бидат прикажани со темно-црвена боја ќе се однесува на местата кадешто вирусот се шири најбрзо во Европската унија (ЕУ) и го рече следното: „Лицата кои ќе доаѓаат или ќе заминуваат од овие области ќе треба да се тестираат ѝ пред патувањето ѝ по пристигнувањето, а потоа да бидат ставени и во карантин.“

Фон дер Лејен нагласи дека се против целосното затворање на границите и напомена дека границите мора да бидат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар, за транспорт на стока и доставување услуги на внатрешниот пазар.

Таа истакна дека од страна на лидерите беше дискутирано и за прашањето за издавање „сертификат за вакцинација“ којшто би можел да им обезбеди предност на лицата кои ќе бидат вакцинирани при патување, но појасни дека ова прашање ќе биде поставено на детално разгледување тогаш кога ќе дојде време за тоа.

Велејќи дека предложила во рамките на Ковакс да се формира механизам на Европската унија (ЕУ) со цел да се обезбеди пристап на сиромашните земји до вакцин,а додека овие земји да се стекнат со вакцина во големи количини, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен го рече следното: „Тоа истовремено е и во наша полза. Имено, колку подолго време вирусот ќе остане во светот толку ќе расте и ризиокот од негова мутација, така да ѝ нашето здравје ќе биде доведено под ризик.“

 



Слични вести