Доставена жалба до ОН во врска со исламофобијата и дискриминацијата против муслиманите во Франција

Повеќе од 36 граѓански организации од 13 земји доставија жалба до Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) во врска со активностите на властите во Франција кои ја интензивираат исламофобијата и дискриминацијата против муслиманите

1568742
Доставена жалба до ОН во врска со исламофобијата и дискриминацијата против муслиманите во Франција

Меѓународните граѓански организации поднесоа жалба до Обединетите нации (ОН) поради тоа што властите во Франција ги интензивираат исламофобијата и дискриминацијата против муслиманите.

Повеќе од 36 граѓански организации од 13 земји доставија жалба до Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) во врска со поддршката на Франција на објавувањето на карикатурите со навреда на муслиманскиот божји пратеник Пејгамберот Хз- Мухамед и контроверзниот нацрт-закон за „борба против дискриминацијата“.

Во објавеното соопштение од „CAGE“ која се наоѓа меѓу граѓанските организации од чија страна е поднесена жалбата, се истакнува дека Франција ја разгорува исламофобијата и ја зголемува дискриминацијата против муслиманите.

Во соопштението се вели дека активностите на француската Влада се во својство на покриена поддршка на печатењето на карикатурите коишто содржат навреда на муслиманскиот божји пратеник.

Во соопштението се наведува дека француската држава постепено ги проширува своите исламофобични политики и се бара да се стави крај на ваквите политики.

Исто така во поднесената жалба им се одделува место на изјавите на лица сведоци кои биле подложени на исламофобични активности и притоа се нагласува дека овие активности го повредуваат достоинството и ги кршат фундаменталните права на муслиманите.

Меѓународните граѓански организации побараа Франција да го повлече нацрт-законот познат како „борба против дискриминацијата“, да донесе закони со кои се забранува дискриминацијата и да ги преземе сите неопходни мерки за борба против религиската нетолеранција во оваа земја.

 



Слични вести