Трамп последниот ден од својот мандат потпиша договор за продажба на борбени авиони Ф-35 на ОАЕ

Доналд Трамп на последниот ден од својот претседателски мандат потпиша договор за продажба на 50 борбени авиони Ф-35 и 18 наоружани беспилотни летала на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

1568207
Трамп последниот ден од својот мандат потпиша договор за продажба на борбени авиони Ф-35 на ОАЕ

Веќе бившиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп на последниот ден од својот мандат го потпиша договорот со кој се одобрува продажбата на борбени авиони од типот Ф-35 на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Новинската агенција "Ројтерс" во веста во која се ослонува на извори кои располагаат за информации за договорот помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопшти дека Трамп ја одобри продажбата на управата во Абу Даби 50 борбени авиони Ф-35 и 18 наоружани беспилотни летала.

Новиот пре на САД Џо Бајден пак, кој стапи на должност вчера рече дека ќе го преразгледа договорот за кој станува збор.

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како еден од значајните сојузници на Соединетите Американски Држави (САД) на Блискиот исток долго време како сакаа да купат борбени авиони Ф-35 од Вашингтон.

Патот пред ова барање на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) еше отворен по потпишаниот договор за нормализација на своите односи со Израел во ноември 2020 година.

 



Слични вести