Силен земјотрес во Индонезија со јачина од 7,1 степен

По земјотресот не е издадена тревога за цунами и засега не се споделени информации за тоа дали има човечки загуби или повредени

1568607
Силен земјотрес во Индонезија со јачина од 7,1 степен

Во близина на островите Талауд во провинцијата Северно Сулавеси во Индонезија се случи земјотрес со јачина од 7,1 степен. 

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 134 километри североисточно од областа Мелонгуане на островите Талауд, на длабочина од 154 километри.

Метеоролошката институција за клима и геофизика по земјотресот не издаде тревога за цунами и засега не се споделени информации за тоа дали има човечки загуби или повредени.

Инаку, во земјотресот со јачина од 7,5 степени што се случи на 28 септември 2018 година во заливот Палу во Индонезија и џиновските бранови цунами коишто следеа потоа, беа погодени областите Донгала, Палу и Сиги и животот го загубија 4.340 лица.

 



Слични вести