Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените во светотнад 69.915.000

1567939
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 2.084.600 лица. Бројот на заразените од вирусот изнесува над 99.355.000 а бројот на оздравените над 69.915.000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 415.894. Бројот на заразените во земјата изнесува 24.999.000 лица.

Бројот на смртните случаи како последица на епидемијата во Полска се зголеми на 34.141. Премиерот Матеуш Моравиецки поради тешкотиите со кои се соочи неговата земја при набавувањето на вакцините против Ковид-19 напиша писмо до Установите на ЕУ. Моравиецки во писмото бараше што поскоро да се обелоденат причините поради ненавременото доставување на вакцините против епидемијата на коронавирусот   за кои беа постигнати договори со американската фармацевтска компанија Фајзер и германската БионТек формирана од страна на турските научници проф. Д-р Угур Шахин и сопругата д-р Озлем Туреџи.

Бројот на смртните случаи во последните 24 часа поради коронавирусот во Велика Британија се зголеми за уште 1820, додека бројот на заразените се  зголеми за уште 38.905 пациенти. Вчера беше забележан најголем број на смртни случаи за само еден ден од почетокот на епидемијата. Вкупниот број на смртни починати се зголеми на 93.290, додека на инфектираните на 3.505.754.



Слични вести