Претседателот Бархам Салих: Цел на експлозијата во Багдад беа мирот и иднината на ирачкиот народ

Ирачкиот претседател Бархам Салих истакна дека цел на денешната експлозија во центарот на главниот град Багдад беа стабилноста на земјата и мирот и иднината на народот

1568600
Претседателот Бархам Салих: Цел на експлозијата во Багдад беа мирот и иднината на ирачкиот народ

Ирачкиот претседател Бархам Салих објави писмено соопштение во врска со експлозијата која беше реализирана од страна на самоубиствен бомбаш на плоштадот Тајаран во центарот на главниот град Багдад. 

Претседателот Салих истакна дека цел на експлозијата во главниот град Багдад беа стабилноста на земјата и мирот и иднината на народот.

Привлекувајќи внимание на тајмингот на експлозијата чија цел беа цивилните граѓани, Бархам Салих рече: "Мрачните средини со овие две експлозии сакаа да ги земат за цел националните придобивки и мирот и иднината на народот. Жестоко се испречуваме пред овие лажни иницијативи чија цел беа стабилноста на нашата земја."

Од страна на ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими пак, засега не е објавено соопштение во врска со денешниот самоубиствен терористички напад.

Во експлозијата што се случи денеска во центарот на главниот град на Ирак, Багдад загинаа 28 лица, а 73 лица се ранети.

 



Слични вести