Во експлозијата во центарот на главниот град на Шпанија, Мадрид има загинати и ранети

Според првични информации во експлозијата што се случи денеска во 15:00 часот по локално време во центарот на главниот град на Шпанија, Мадрид загина две лица, а голем број се ранети

1567750
Во експлозијата во центарот на главниот град на Шпанија, Мадрид има загинати и ранети
ispanya.jpg

Во експлозијата во една зграда во центарот на главниот град на Шпанија, Мадрид според првични информации две лица загинаа, а голем број се ранети.

Денеска околу 15:00 часот по локално време (17:00 часот по турско време) се случи експлозија во една зграда во маалото Пуерто де Толедо во центарот на Мадрид.

Според снимките објавени преку социјалните медиуми, под дејство на експлозијата е причинета голема штета во зградата. 

Во случајот, според првични информации е соопштено дека загинаа две лица, додека очевидци истакнуваат дека има и голем број ранети.

Како што се соопштува оштетени се голем дел од паркираните возила пред зградата во која се случи експлозијата и екипите за цивилна одбрана, на противпожарната служба и здравствените екипи ја зеле под безбедносен обрач областа.

До зградата се наоѓале дом за стари лица, училиште и црква.

Во локалниот печат се тврди дека причина за експлозијата можеби е протекување на гас.

 



Слични вести