Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 11 починати, 400 нови случаи

Владата на Република Северна Македонија на својата вчерашна 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени одлуката продолжување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти во земјата до 21:00 часот

1567038
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани 11 починати, 400 нови случаи
super foto fransa koronavirus fransa 1.jpg
super foto fransa koronavirus fransa 3.jpg
korona ingiltere 02.jpg
Koronavirüs1.jpg
korona abd süper
koronavirüs4.jpg
italya korona.jpg
super foto fransa korona.jpg
KORONAVİRÜS SÜPER
super foto fransa korona disneyland.jpg
super covid19 ingiltere.jpg
super covid19 almanya.jpg
super covid19 ingiltere

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 2 милиони 065 илјади 695 лица, на случаите на зараза изнесува над 96 милиони 626 илјади, а досега оздравеа повеќе од 69 милиони 274 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД). 

Бројот на смртните случаи во САД се искачи на над 411 илјади 486 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 24 милиони 806 илјади 264.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 211 илјади 511 лица, а на случаите на зараза изнесува 8 милиони 575 илјади 742 лица

Во Велика Британија, која моментално е земја со најголем број починати во Европа, во изминатите 24 часа се регистрирани  1.610 починати и 33.355 новозаразени од вирусот. Бројот на смртните случаи се искачи на вкупно 91.470 лица, а на инфектираните достигна до 3 милиони 466 илјади 849 лица.

Во Италија, со смртта на уште 603 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 83.157 лица. Бројот на инфектираните од вирусот со регистрирани 10.497 новозаразени изнесува 2 милиони 400 илјади 598 лица.

Во Франција, во изминатите 24 часа починаа 373 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 71.342 лица. За еден ден во земјата се регистрирани 23.608 новозаразени и бројот на случаите на зараза достигна до 2 милиони 938 илјади 333 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа се регистрирани 404 починати со што бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на вкупно 54.173, а на инфектираните со раст за 34.291 новозаразен достигна до 2 милиони 370 илјади 742 лица. 
Во Германија, во изминатите 24 часа починаа 1.139 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 49.244, а на инфектираните со раст од 12.159 лица достигна до вкупно 2 милиони 071 илјада 473.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се регистрирани 11 смртни случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на починатите се зголеми на 2.726 лица.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 400 нови случаи и вкупниот број на инфектираните од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата достигна до 89.392 лица. 

Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти, додека вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 73.983 лица.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 12.683 лица.

Владата на Република Северна Македонија на својата вчерашна 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти во земјата.

Согласно оваа одлука од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот и нивното работно време се продолжува до 21:00 часот.

Освен тоа министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче преку социјалните медиуми информираше дека наредната недела откако ќе биде анализирана епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде продолжено до 23:00 часот.



Слични вести