Порака од Турскиот совет за сеќавање на 31. годишнина од „Крвавиот јануари“ во Азербјејџан

Турскиот совет на својот профил на Твитер напиша: „По повод масакрот во Баку на 20 јануари 1990 година кој е познат како 'Црн јануари', како Турски совет со почит се сеќаваме на сите јуначки чеда на Азербејџан кои ги положија своите животи за татковината“

1567058
Порака од Турскиот совет за сеќавање на 31. годишнина од „Крвавиот јануари“ во Азербјејџан

Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) објави порака за сеќавање на 31. годишнина од извршениот масакр на 20 јануари 1990 година кој во Азербејџан се одбележува како ден на жалост и гордост.

На споделената објава на профилот на Турскиот совет преку социјалната мрежа Твитер во врска со ова прашање се истакнува следното: „По повод масакрот во Баку на 20 јануари 1990 година кој е познат како 'Црн јануари', како Турски совет со почит се сеќаваме на сите јуначки чеда на Азербејџан кои ги положија своите животи за татковината, со почит се поклонуваме пред нивните свети спомени.“

На почетокот на 1990 година илјадници Азербејџанци во знак на реакција против растечките барања на Ерменија на територија и против советската управа масивно излегоа на плоштадот Азадлик во Баку и долго време одржаа протестни митинзи.

За спречување на овие протестни митинзи советската армија составена од 26 илјади војници на 20 јануари влезе во различни делови на Баку и притоа беа измасакрирани 147 цивили меѓу кои се наоѓаа ѝ жени ѝ деца, а стотици лица беа ранети.

 



Слични вести