Иран го дочека со задоволство повикот на Катар до арапските земји во Заливот за дијалог

Иранскиот министер за надворешни работи го дочека со задоволство повикот на Катар до арапските земји во Заливот за дијалог

1567261
Иран го дочека со задоволство повикот на Катар до арапските земји во Заливот за дијалог

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф го дочека со задоволство повикот на Катар до арапските земји во Заливот за дијалог со Иран.

Зариф во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер направи проценка на повикот што катарскиот министер за надворешни работи Мухамед бин Абдурахман Ал Тани го достави до арапските земји во Заливот за дијалог со Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф го напиша следното: „Иран го дочекува со задоволство повикот на мојот брат Ал Тани за сеопфатен дијалог за нашиот регион. Како што нагласуваме секогаш решението за нашите проблеми поминува низ заедничко работење за изградба заедно на регионот исчистен од регионална и глобална хегемонија, и силен, мирољубив, стабилен и просперитетен регион.“

 



Слични вести