Доналд Трамп ја напушти Белата куќа: Ќе се вратам на поинаков начин

Доналд Трамп заедно со своето семејство и делегацијата во негова придружба со претседателскиот авион од воздухопловната база Ендрјус во Мериленд ќе отпатува за Флорида

1567713
Доналд Трамп ја напушти Белата куќа: Ќе се вратам на поинаков начин

Доналд Трамп кој должноста претседател на Соединетите Американски Држави денеска ќе му ја предаде на новиот претседател Џо Бајден, ја напушти Белата куќа.

Трамп заедно со своето семејство и делегацијата во негова придружба со претседателскиот авион од воздухопловната база Ендрјус во Мериленд ќе отпатува за Флорида.

Доналд Трамп во дадената изјава пред да отпатува рече: „За мене беше голема гордост што ви бев претседател, секогаш ќе се борам за вас.“

Велејќи „На новата управа и посакувам многу среќа у успех. Мислам дека ќе бидат многу успешни.“ Трамп рече: „Ќе се вратам на поинаков начин.“

Доналд Трамп нема да присуствува на церемонијата на полагање заклетва на Џо Бајден со што нема да се придржува кон уште една традиција во Соединетите Американски Држави (САД).

Новиот 46. претседател на САД Џо Бјаден ќе положи заклетва во 12:0 часот по локално време, односно 20:00 часот по турско време во главниот град Вашингтон под строги безбедносни мерки.



Слични вести