Бајден и Харис положија заклетва

Бајден: „Денес е денот на демократијата, историјата и надежта“

1567795
Бајден и Харис положија заклетва

Новата администрација во САД по изборите на 3 ноември почна со должноста.

Избраниот претседател Џо Бајден и избраната прва жена потпретседател Камала Харис со положување на заклетвата почнаа со должноста.

Бајден и Харис пред инаугурацијата ја посетија катедралата на Апостол Свети Матеј во Вашингтон и преминаа во зградата на Конгресот. 46-от претседател на Соединетите Американски Држави Турција и 49-от потпретседател Харис заклетвата ја положија во 20.00 часот според турско време.

Првите зборови на новиот претседател Бајден по заклетвата беа: „Денес е денот на демократијата, историјата и надежта“.

Подоцна, претседателот, потпретседателот и нивните сопруги ја поздравија почесната гарда.

Поздравувањето на почесната гарда е воена традиција која го симболизира мирниот трансфер на власта на новиот врховен командант.

Бајден во пораката во врска со тешкотиите со кои се соочи  неговата земја рече дека истите можат да ги надминат само со „единство“.

Јас ќе бидам претседател на сите Американци. рече новиот претседател потенцирајќи:

„Ние ќе ги поправиме нашите сојузнички односи и уште еднаш ќе воспоставиме блиски односи со светот“.



Слични вести