Во ослободувањето на Нагорно Карабах загинаа 2.855 азербејџански војници

Бројот на жртвите, кој претходно беше објавен како 2.841, со откривањето на уште некои посмртни остатоци и утврдувањето на нивните идентитети, беше ажуриран на 2.855

1566352
Во ослободувањето на Нагорно Карабах загинаа 2.855 азербејџански војници

 

Азербејџанската армија соопшти дека во операцијата за ослободување на окупираните територии во Нагорно Карабах загинаа 2.855 војници.

Министерството за одбрана на Азербејџан ги ажурираше информациите за жртвите во војната, која започна на 27 септември и заврши со потпишување на договорот за прифаќање на поразот на Ерменија на 10 ноември.

Бројот на жртвите, кој претходно беше објавен како 2.841, со откривањето на уште некои посмртни остатоци и утврдувањето на нивните идентитети, беше ажуриран на 2.855.

Најавувајќи дека 50 војници се водат за исчезнати, Министерството исто така со јавноста го сподели списокот на жртвите кои беа погребани.

Во операцијата што ја започна азербејџанската армија на 27 септември 2020 година, по ослободувањето на 5 градски центри, 4 општини и 286 села, Ерменија го прифати поразот и го потпиша договор со кој вети дека ќе ги евакуира окупираните провинции Агдам, Лачин и Келбеџер.

Ерменската армија на 20 ноември се повлече од Агдам, на 25 ноември од Келбеџер и на 1 декември од Лачин.



Слични вести